Руски сателит забележа необична физичка појава

Сподели со своите пријатели

Ултравиолетов телескоп поставен во 2016 година на рускиот сателит „Ломоносов“ во атмосферата на Земјата забележал силни светлосни „експлозии“ чија природа се уште не е објаснета, изјавил директорот на Институто за истражување на нуклеарна физика при Московскиот државен универзитет Михаил Панасјук.

Loading...

– Со помош на телескопот успеавме да добиеме позначајни резултати од очекуваното. Изгледа дека наидовме на нови физички појави. Засега не знаеме каква е нивната физичка природа. На пример, за време на летот „Ломоносов“ на височина од неколку десетици километри неколку пати забележавме светлосна „експлозија“ со огромна јачина. Испод неа се беше чисто, немаше никакви молњи и облаци. Останува прашањето што ја предизвикало, објаснува Панасјук.

Тој навел дека целата атмосфера на Земјата сјае со изливи на ултравиолетово зрачење, од кои некои се познати за научниците електрични празнења во мезосферата и термосферата како и големи блесоци во горниот дел од облак со грмотевици.

Вселенскиот брод „Ломоносов“ го произведе корпорацијата VNIIEM по налог на Московскиот државен универзитет. Сателитот во орбитата го извела ракета – носач „Сојуз 2.1“ во април 2016 година за време на првото лансирање од космодромот „Восточни“.

Leave a Reply