Русите тврдат дека Украина извршила напад врз нивна територија

Сподели со своите пријатели

Се појавија информации дека украинска разузнавачка група влегла во регионот Брјанск, веднаш преку северната граница со Русија, во нешто што изгледа како изненадувачки напад, пренесува Index.hr.

Loading...

Руската новинска агенција ТАСС јавува дека агенциите за спроведување на законот известуваат за судири со украински саботери и дека има мртви и ранети меѓу жителите на областа.

Руските весници јавуваат дека украинска група од околу 50 членови ги заробила жителите на селото Сушани со експлозии и пукотници.

Новинската агенција РИА наведува дека заложниците се држат и во селото Лиубечан.

Според База, во Сушани се минирани трафостаница и бензинска пумпа.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.