Русија: Украинците со хеликоптер слетаа 30 војници во нашиот регион, ги одбивме

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските сили вчера спречиле украински обид за прекуграничен напад врз руската област Белгород.

Loading...

Во соопштението на руското Министерство се наведува дека Украина со хеликоптери слетала до 30 војници во близина на пограничното село Козинка.

Се вели дека нападот бил одбиен од руски војници и гранични сили.

Што велат Украинците, а што вели гувернерот на Белгород?

Украинските власти соопштија претходно денеска дека руските вооружени групи кои се борат против Кремљ и со седиште во Украина ги нападнале двата руски погранични региони Белгород и Курск.

Гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, на Телеграм објави дека во нападот загинале две лица и дека е причинета „многу сериозна штета“ на селото Козинка.

Во Русија денеска почна гласањето на тридневните претседателски „избори“ на кои претседателот Владимир Путин сигурно ќе го добие мандатот.

Пограничниот регион Белгород, кој е под редовни напади на Украина од 2022 година, неколку пати во текот на 2023 година беше нападнат од украинските сили.

Во мај 2023 година, украинските трупи накратко презедоа контрола врз област во близина на границата, вклучувајќи го и селото Козинка.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.