Русија: Украина гранатираше станбена зграда во Белгород

Сподели со своите пријатели

Катна станбена зграда во рускиот град Белгород е оштетена во гранатирањето на украинските вооружени сили, соопшти денеска локален претставник.

Loading...

Тој додава дека засега нема информации за жртви или повредени, пренесува Ројтерс.

Белгород е на околу 40 километри од украинската граница.

Ројтерс не можеше независно да ги потврди деталите за инцидентот, за кој Украина не коментираше.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.