„Русија треба да развие вакцина против мајмунски сипаници“

Сподели со своите пријатели

На Русија ѝ е потребна вакцина против мајмунски сипаници, бидејќи фреквенцијата во светот расте, изјави Александар Гинзбург, директор на рускиот Национален институт за епидемиологија и микробиологија Гамалеја.

Loading...

„Денес никој не може да објасни зошто оваа инфекција, која беше ендемична на африканскиот континент, без причина се шири низ светот. Се плашам дека тоа не може да се објасни само со „нетрадиционални“ сексуални контакти. Бројот на потврдени случаи расте од ден на ден“, изјави Гинзбург на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, пренесува ТАСС.

Според генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, оваа година СЗО пријавила повеќе од 1.600 потврдени случаи на мајмунски сипаници и речиси 1.500 сомнителни случаи.

Ваквите извештаи дојдоа од 39 земји, вклучително и 32 кои никогаш не ја имале оваа болест.

Руската санитарна служба на 8 јуни објави дека во Русија не е регистриран ниту еден случај на мајмунска сипаница.