Русија: Се подготвува закон за укинување на абортусот

Сподели со своите пријатели

На приватните клиники во Русија може законски да им се забрани да вршат абортуси, објавија денеска руските медиуми.

Loading...

„Се подготвува предлог-закон за бришење на абортусот од листата на услуги на приватни клиники. Се планира и да се скрати периодот во кој може да се прекине бременоста. Сепак, самиот документ сè уште не постои“, рече добро- информиран извор изјави за РИА Новости.

Истиот извор потврди дека предлогот за овој закон се планира да се појави пред пратениците на Државната дума за време на пролетната седница.

Заменик-претседателката на Државната дума, Ана Кузњецова, потврди дека во моментов се подготвува нацрт-правен акт со кој ќе се укине прекинувањето на бременоста само во комерцијалните медицински установи.

Рускиот претседател Владимир Путин на почетокот на ноември на средба со членовите на Руската јавна комора оцени дека проблемот со абортусот е акутен.

Тој истакна дека постојат различни начини за решавање на проблемот – од забрана за продажба на лекови за абортус, до зголемување на благосостојбата во земјата и помагање на младите семејства.