Русија: Има жртви во украинското ракетирање во Белгород

Сподели со своите пријатели

Руските истражители соопштија денеска дека има жртви во украинскиот ракетен истрел во областа Белгород во Русија.

Loading...

„Украински ракетен напад погоди складиште за муниција во населбата Октјабски во Белгородската област. Муницијата беше активирана. Според прелиминарните извештаи, има жртви”, се вели во соопштението објавено на социјалната мрежа Телеграм, пренесе Тас.

Гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков денеска соопшти дека сообраќајот на возовите во областа Новоскол е прекинат, откако остатоците од соборената ракета паднаа во железничката зона кај градот Нови Оскол.

„Нашата противвоздушна одбрана утринава собори ракети во областа Новоскол. Урнатините паднаа во зоната на железницата. Оштетени се електричните линии“, напиша Гладков во објавата на Телеграм.

Тој додаде дека сообраќајот е привремено во прекин и дека екипите на итната помош чекаат да пристигне на местото на настанот.

Сигурен сум дека многу брзо ќе ја средат ситуацијата и сообраќајот ќе биде вратен. Ќе ве информирам. Најважно е дека нема жртви“, заклучува Гладков во соопштението.

Нови Оскол е мал град со околу 18.000 жители и се наоѓа на околу 90 километри северно од границата со Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...