Русија: Бројот на украински маринци кои се предале во Мариупол достигна 1.350

Сподели со своите пријатели

Бројот на украинските маринци кои им се предале на руските и на војниците од Доњецк во Мариупол достигна 1.350, соопшти Генералштабот на територијалната одбрана на Доњецката Народна Република (ДНР).

Loading...

– Нашите борци продолжуваат да ги заробуваат милитантите на 36-та бригада на украинските вооружени сили во Мариупол. До вечерта на 13 април се предале 1.350 украински маринци – се наведува во соопштението објавено на „Телеграм“.

 

Едни се потпираат на герилци, други на нуклеарки: Ова се 10 држави најтешки за освојување!

 

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека уште 134 украински војници се предале во Мариупол.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков објави дека меѓу нив има 14 офицери, пренесува РИА Новости.

Претходно, Штабот на територијалната одбрана на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР) објави дека повеќе од 300 украински маринци се предале во Мариупол.

Loading...

 

Зеленски одби да го прими германскиот претседател, Германија изненадена и навредена

 

Вчера наутро Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во Мариупол се предале 1.026 украински маринци.