Русија ѝ испорача С-400 и Искандер на Белорусија

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека Москва му ги доставила на Минск системот за воздушна одбрана со долг дострел С-400 Триумф и оперативно-тактичкиот ракетен систем Искандер.

Loading...

При вчерашната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Минск, Лукашенко и се заблагодари на Русија за испораката на тоа оружје, пренесува Интерфакс.

Лукашенко претходно изјави дека системите С-400 можат да бидат распоредени во близина на Минск и дека на Белорусија и се потребни неколку дивизии „Искандер“.