Розовиот дијамант продаден за 32 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Голем овален розов дијамант е продадена за 32,16 милиони долари на акцуија во Хонг Конг.

Ископан најголемиот дијамант во последните 110 години од 1.111 карати (фото)

Loading...

Дијамантот од 14,93 карати го купила неидентификувана личност која ја уплатила понудата преку телефон, што е дочекано со аплауз во салата.

Аукциската куќа „Кристис“ соопшти дека ова е втора по ред цена по карат за еден розов дијамант, зад петкаратниот кој во 2009 година во Хонг Конг беше продаден за 10,78 милиони долари.

Проценетата вредност на дијамантот по име „Розовото ветување“ била 42 милиони долари, но не е постигната, пренесува АФП.

На седумгодишната ќерка и купил два дијаманти вредни 76 милиони долари (фото)

Апсолутен светски рекорд е постигнат претходно оваа година, кога огромен дијамант „Розова ѕвезда“ е продаден во аукциската куќа „Сотбис“ за 71,2 милиони долари.