Родители изгладнувале син дијабетичар до смрт, осудени се за убиство од прв степен (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Родителите на 15-годишно момче кое умрело поради нелекуван дијабетес и изгладнување се прогласени за винови за убиство од прв степен, пренесува Индипендент.

Емил и Родика Радита со години го изолирале и малтретирале синот Алекс додека не умрел. Тој наводно тежел 17 килограми кога умрел во нивниот дом во Калгари во 2013 по месеци патење предизвикано од неизлечен дијабетес.

„Гсподинот и госпоѓата Радита го изолирале Алекс од секого кој можел да го надгледува неговото лекување со инсулин. Алекс умрел од бактериса сепса предизвикана од екстремно изгладнување. Неговата физичка состојба во моментот на смртта не била предизвикано моментално, туку била резултат на повеќемесечно, а можеби и повеќегодишно малтретирање“, изјавила судијката Карен Хорнер за канадскара телевизија Си-ти-ви њуз.

„Доказите покажуваат дека родителите биле свесни колку бил болен Алекс, но одбиле да го лекуваат со инсулин и да му ја пружат потребната медицинска нега. Знаеле дека умира“, додава судијката.

Сведоците тврдат дека брачната двојка одбила да го прифати фактот дека нивниот син има дијабетес и не го лекувале сѐ додека не бил хоспитализиран во 2003, на раб на смртта.

Тој минал една година кај старатели и заздравел па бил вратен на своето семејство.

Една од болничарките повикани на лице место изјавила дека телото на Алекс изгледало „мумифицирано“. Судијката Хорнер вели: „Таа го опиша како толку слав што изгледал мумифицирано. На лицето не се гледало месо, а половината му била околу 8 сантиметри. На себе имал само пелена и маица со кратки ракави“.

Родителите се осудени на доживотен затвор без можност за помилување во следните 25 години. Тие наводно воопшто не покажале емоции и не го коментирале донесувањето на пресудата.

Loading...
mkd.mk