Родила на 14 години, сама го одгледала детето, а сега матурираше година дена порано

Сподели со своите пријатели

Тиктокерката Шеј е доказ дека се е можно. Таа ја сподели својата инспиративна, но тешка приказна на популарна социјална мрежа и воодушеви милиони луѓе.

Loading...

Шеј забременила на 13 години. Се породила на 14 години и сама ја одгледа ќерката.

„Работев, се грижев за бебето и учев за училиште“, откри таа во видеото.

Луѓето ја понижувале и навредувале, и покрај нив, таа завршила средно училиште, односно матурирала една година пред истекот на рокот.

За жал, два месеци пред дипломирањето, таа го загубила својот брат, кој загинал во сообраќајна несреќа.

„Не дозволувајте општеството да ја направи вашата ситуација да изгледа уште полошо отколку што е“, вели Шеј, која сака да биде позитивен пример за другите луѓе кои можеби се во слична ситуација.

Видеото стана вирално и беше прегледано повеќе од 11,5 милиони пати.

„Горд сум на тебе. Сакана си, благословена и ценета. Прекрасно”, гласи еден од коментарите.

Loading...

 

@sexxy.rhed35#greenscreenvideo #fyp #2021graduate

♬ Moment 4 Life – Nicki Minaj