Резников: Британското оружје пристигна во Украина

Сподели со своите пријатели

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников денеска изјави дека нова пратка оружје од Велика Британија пристигнала во Украина.

Loading...

„Повеќе повеќекратни ракетни фрлачи М270 пристигнаа во Украина“, рече тој.

Тој на Твитер им се заблагодари на британскиот министер за одбрана Бен Валас и на британските граѓани за донацијата што беше ветена претходно, пишува Гардијан.

„Вашата поддршка е многу важна за Украина. Нашата армија вешто ќе ја користи оваа „замена“ на бојното поле“, рече тој.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.