Ретриверот паметно го одвлече вниманието на сопственикот за да може да ја украде храната (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кучињата се неверојатно паметни, а понекогаш и подмолни. Еден од нив е златен ретривер кој знае како да го одвлече вниманието на својот сопственик на лукав начин, се за една цел – да украде храна од нејзината чинија.

Loading...

“Агентот користи експертска тактика со активирање на методот на одвлекување на вниманието што се учи во училиштето на кученца тајни агенти. Тој беше апсолутно успешен и успеа да се приближи до вкусната цел на масата”, е описот на преслаткото видео на Инстаграм.

Во него, кучето скока по својот сопственик што седи на масата. Ги допира предните шепи како да ја бакнува или прегрнува, и штом ќе ја сврти главата, користи секунда од нејзината негрижа и го фаќа десертот од масата. Подолу можете да го погледнете видеото.