Ресторан во Канада во кој работат само заразени од ХИВ (видео)

Сподели со своите пријатели

Група канадски гурмани отворила привремен ресторан во кој работат лица заразени со ХИВ, во настојување да ги срушат предрасудите за носење на тој вирус.

Ресторанот е отворен во Торонто, а куварот е лице заразено со ХИВ вирус, за да се демантира дека вирусот може да се пренесе преку храна, пишува Ројтерс.

БИЗАРНА ПРАКСА ВО КИНА: ХИВ главно оружје за наплата на долговите!

Loading...

Како се наведува, вработените носеле престилка на која биле испишани пораките „Бакни го ХИВ позитивниот кувар“ и „Добив ХИВ од паста“.

Идејата да се отвори таков ресторан потекнала по минатомесечното истражување според кое половината од испитаниците изјавиле дека би конзумирале храна која ја подготвил некој заразен со ХИВ.

Влезниците за тој привремен ресторан се продадени за помалку од две недели.

Како ХИВ вирусот го напаѓа организмот (видео)

– Би сакале да направиме нешто вакво во Њујорк, Сан Франциско, Лондон, велат од ресторано.

На мените во ресторанот се тај-супа од компири и праз, како и леб од ѓумбир.