Реконструирана Полициската канцеларија во Старо Нагоричане (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Полициската канцеларија во општината Старо Нагоричане е целосно реконструирана и од денеска заедно со онаа во општината Ранковце ќе им овозможат подобри услови за работа на полициските службеници.

Loading...

Просториите во овие две рурални општини денеска ги посети и првиот човек на Министерството за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој истакна дека се градени по најсовремени стандарди и со енергетско-ефикасни материјали.

Двете се меѓу вкупно 58 објекти на МВР кои се реконструираат овој период.

– Овие две полициски станици се полициски станици кои опфаќаат една огромна територија иако како општини навистина немаме нарушување на безбедносната состојба, таа е мирна и стабилна без никакви индиции дека може да биде нарушена, меѓутоа сепак беа полициски станици по приоритет кои што беа во многу лоша сосотјба, изјави Спасовски.

 

 

Со реконструкцијата променета е ПВЦ столаријата, кровната конструкција, поставено и парно греење, но и тоалети кои досега ги немало. Претходно целосно е завршена и фасадата.

Loading...

– Ова претставува една мотивација за сите вработени полициски службеници во овие две полициски станици, меѓутоа ова е добро и за граѓните кои што треба да ги остваруваат своите права и обврски овде во овие полициски станици, вели министерот.

 

 

Како што додаде Спасовски, Полициската канцеларија во Старо Нагориачне наскоро ќе го зголеми својот статус во Полициско одделение со оглед дека опфаќа голема територија каде има неколку туристички локалитети и многу викенд куќи.

– Најавувам дека во Старо Нагоричане од Полициска канцеларија ќе го смениме статусот на Полициско одделение заради тоа што имаме зголемена фрекфенција, тука се наоѓаат неколку туристички локации и локалитети, тука е и Меморијалниот центар Пелинце, Кокино опсерваторијата и многу други, зголемен број на викенд куќи, се зголемува бројот на жители генерално во општинат аи фрекфенцијата на дневно ниво и токму заради тоа нашата одлука е да го подигнеме нивото на оваа Полициска станица, практично да го вратиме на ниво на кое што беше претходно, изјави Спасовски.

 

Loading...

 

Инаку, во тек е и реконструкцијата на објектот на Секторот за внатрешни работи Куманово.

 

Текст/фото: Никола Ивановски

Leave a Reply