Разрешена мистеријата за чудовиштето Јети

Сподели со своите пријатели

Обожавателите на Јети, суштеството кое наводно живее на Хималаите, познато и по името Страшниот снежен човек, тешко ќе ги поднесат резултатите на ДНК анализата од остатоците кои наводно му припаѓаат, а според кои се работи за обичен медвед, а можеби и куче.

По еден век пронајдени остатоци од „Чилеанскиот Титаник“: Мистеријата конечно ќе биде решена (видео)

Loading...

Научниците известуваат дека со генетска анализа на девет примероци од коски, зуби, кожа, влакна и примероци од фекалии кои му се препишуваат на Јети, а изложени се во музиеи или се отстапени од приватни збирки, утврдено е дека осум од нив припаѓаат на азиските црни мечки, хималајските кафеави мечки и тибетанските кафеави медведи, додека еден примерок укажува дека се работи за куче.

– Резултатите од анализата упатуваат на тоа дека легендата за Јети влече корени од биолошки факти, па дека е поврзана со локалните видови мечки кои живеат во регионот, рекла биологот Шарлот Линдквист од Универзитетот Бафало во Њујорк, која го водела истражувањето.

НОВА МИСТЕРИЈА НА БЕРМУНДСКИОТ ТРИАГОЛНИК: Остров се појави во морето (видео)

Според неа станува збор за досега најтемелната студија од наводните остатоци на Јети. Таа и нејзините колеги секвенционирале митохондриски ДНК, генетски материјал која се наоѓа во клетките и се наследува преку мајката. Примероците се земени од наводните остатоци на Јети и од разни видови мечки од другите делови од светот.

Иако не е докажано постоењето на Јети, студијата покажала дека тибетанскиот кафеав медвед е во сродство со мечките од Северна Америка и Европа.

Се претпоставува дека хималајските кафеави медведи од нив се одвоиле пред околу 650.000 години. Исто така се претпоставува дека ги изолирале глечери и дека живееле одвоено од останатите видови мечки.

РЕШЕНА МИСТЕРИЈАТА: Зошто пандите се црно-бели?

Иако приказната за постоењето на Јети не е потврдена, истражувањето би можело да придонесе за заштита на живеалиштата на хималајските медведи, на кои им се заканува изумирање.