Бранителот Бобан Трајковски доби мурал во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мурал со ликот на  Бобан Трајковски денеска свечено беше претставен во центарот на Куманово, на денот кога тој загина во масакрот кај Вејце во војната во 2001 година.

Loading...

 

 

На 28 април 2001 година, во 17:45 часот, се случи масакрот во Вејце, кога осуммина припадници на специјалната единица Волци и полицајци од посебната единица беа начекани во подмолна заседа од терористичката УЧК и беа убиени, а потоа масакрирани и запалени.

 

 

Loading...

Муралот е изработен од уметниците од здружението Форма од Куманово, а организатори на настанот се Здружението Сила и колегите на Трајковски од специјалната единица Волци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Нова серија врнежи!

 

 

Како што изјави Антонио Станковски, од здружението „Слобода, искреност,лојалност, акција -СИЛА“, 23 години за Трајковски нема направено ништо.

– Јас како негов другар, сосед, претпоставен, бидејќи и јас тогаш бев вработен во „Волци“ како старешина, сега пензионер си земав за обврска заедно со единцата Волци да направиме мала свечена манифестација каде што ќе го обележиме настанот, бидејќи 23 години никој ни на централно, ни на локално ниво не успеа нешто да направи, изјави тој.

 

Loading...

 

Според Станковски, нема ниту една улица или објект кој што го носи името на Бобан Трајковски, а би требало и ја повика општината да донесе такви одлуки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

– Тука треба општината да донесе одредени законски одлуки, каде што никој нема да се налути, бидејќи го градиме мултиетничкото општество, но постои начин, овие луѓе биле во легална институција, законски поставувале, го дале животот и мислам дека  никој не треба да се навреди ако има какво било обележје во градот, дали име на школо, улица, објект, изјави тој.

Инаку, освен Бобан Трајковски (28), во масакрот кај Вејце беа убиени и Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24), Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).

Масакрот се случи на денешен ден во 2001 година, околу 17:45 часот, откако од заседа и ѕверски беа убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува локална нестабилност со пообилни врнежи

Покрај осумтемина убиени, имало и шестмина повредени.

При нападот, последното возило успеало да се извлече од колоната и да јави за масакрот.

Никола Ивановски

Loading...