РЕШЕНА МИСТЕРИЈАТА: Зошто пандите се црно-бели?

Сподели со своите пријатели

Научниците конечно утврдиле поради што бојата на крзното кај пандите е црно-бела.

Со оглед на фактот дека пандите немаат зимски сон, како нивните роднини мечки, научниците ја отвфрлаат тезата дека бојата на ркзното им помага да ја регулираат телесната температура.

Истражувачите велат дека белите делови на крзното служат за камуфлажа во снежни предели, додека потемните помагаат да се сокријат во шуми. Дамките пак околу очите треба да им помогнат да ги препознаваат пријателите и да ги избркаат конкурентите.

Раководителот на истражувањето, Тим Каро истакнал дека бојата на крзното на пандата е долгогодишен проблем во биологијата со кој било тешко да се занимава, затоа што практично нема друг цицач кој така изгледа.

Заклучокот настанал кога истражувачите го проучувале независно секој дел од телото на пандата.

 

Loading...