Растењето со сестра нѐ прави посреќни и попозитивни, покажува истражувањето

Сподели со своите пријатели

Дали знаевте дека растењето со сестра може да влијае на вашиот живот како возрасен?

Loading...

Имено, новото истражување откри дека луѓето кои пораснале со сестра имаат поголема веројатност да бидат посреќни и попозитивни во животот.

Студијата е спроведена на повеќе од 570 луѓе, на возраст од 17 до 25 години, на Универзитетот во Алстер во Северна Ирска.

Истражувачите на испитаниците им поставувале психолошки прашања за многу теми, вклучувајќи ги и оние поврзани со нивното ментално здравје.

Резултатите од истражувањето покажале дека токму сестрите ги охрабрувале испитаниците да зборуваат поискрено и отворено за своите чувства, давајќи им поддршка и пооптимистички поглед на животот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зоолошка градина обвинета дека фарбала кучиња како панди

Професорот Тони Касиди открил дека сестрите се чини дека поттикнуваат поотворена комуникација и кохезија во семејствата, што е основа на доброто ментално здравје.

Не толку одамна, поточно во 2010 година, слична студија беше спроведена од Универзитетот Бригам Јанг, која покажа дека луѓето кои пораснале со сестри се пољубезни и поемпатични од децата единци или оние кои имаат само браќа.

Истражувањето покажало и како растењето со сестра нѐ прави поамбициозни и независни.

Loading...

Имено, вообичаена појава е помалата сестра често да ја имитира постарата како дел од општествениот развој, а иако често не сме свесни за нејзиното влијание, истражувачите нагласуваат дека сестрата е клучната личност во текот на човековиот развој и создавањето на сопственото личноста.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Марија решила да пушти брада, стана популарна и има порака до луѓето (ВИДЕО)