Рацете ги дезинфицираме, но што со мобилните телефони?

Сподели со своите пријатели

Почесто ги миеме рацете, купуваме средства за дезинфекција и не го допираме лицето. Сепак, сето ова нема да има ефект ако нашите мобилни телефони не се чисти.

Loading...

Луѓето ги носат своите мобилни телефони во тоалетот, ги ставаат во џебовите и торбите, ги користат во јавниот превоз и ги употребуваат сто пати на ден.

Google maps со измени поради коронавирусот

Просечен човек го зема мобилниот телефон во раце 2.600 пати во еден ден и го користи околу 76 пати. Тоа е лоша вест во време кога правиме се што можеме за да спречиме ширење на коронавирусот.

Особено внимание треба да се посвети на најмладите кои користат мобилни телефони за да играат игри или да гледаат цртани филмови.

Јасно е дека повеќето мобилни уреди нема да преживеат миење со вода и сапун, па прашање е како да го исчистите вашиот мобилен телефон?

Ќе го помести ли коронавирусот претстојниот Евросонг?

Клучот е да се спречи течноста да влезе во самиот телефон. Со други зборови, неопходно е да се заштитат сите отвори на уредот.

Loading...

„Епл“ советува нивните уреди да бидат исчистени со микрофибер крпа натопена во вода со сапуница, а потоа додадоа дека и марамчињата за дезинфекција исто така ќе бидат ефективни.

„Избришете ги уредите нежно со марамчиња со 70 проценти алкохол. Ова важи и за другите наши производи, како што се монитори, тастатури или други површини“, наведува „Епл“ на веб-страницата и ве предупредува да внимавате на отворите и да бидете сигурни дека нема водата да влезе во нив, и дека не користите избелувач.

Освојувањето на Марс ќе почека да заврши пандемијата од коронавирус

Сепак, не постои гаранција дека ќе ги убиете сите бактерии. Ова е причината зошто некои ја сметаат за најдобра мешавината од алкохол и вода, но секогаш е потребно внимателно да се следат упатствата дадени на производот.

Ако се одлучите за влажни марамчиња, проверете дали не содржат избелувач или други абразивни средства.

Извадете ја заштитната маска, исклучете го уредот и избришете го од сите страни, обрнувајќи внимание на помалите и полесно достапни области.

Како патниците во авионот да се заштитат од коронавирусот?

Оставете го избришаниот телефон да се исуши целосно на воздухот пред да ја вратите заштитната маска.

Loading...

Не заборавајте да ги измиете рацете откако ќе го исчистите мобилниот телефон.

Leave a Reply