Google maps со измени поради коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Најновата апликација во серија популарни кои прават промени во својот систем на работа поради ширењето на коронавирусот е Google maps.

Loading...

Откако Вибер првпат направи некои прилагодувања на својата апликација поради коронавирусот, а потоа и апликацијата Инстаграм, која укина неколку работи од истата причина, се менува и Google maps.

Вработените во Гугл, Фејсбук, Амазон и Мајкрософт работат од дома

Ширењето на коронавирусот влијае на функционирањето на многу компании, ресторани, кафулиња, забавни паркови, музеи, излети, туристички атракции, итн. и затоа Google Maps сака да им обезбеди на корисниците нови информации во согласност со промените во работењето на сите POI во апликацијата.

POI се Points of Intersets и претставуваат сè што барате на апликацијата „Google maps“, без разлика дали е адреса или град/место.

POIT се сите погоре споменати, но и многу повеќе – аптеки, спортски сали, фитнес центри, продавници, стоковни куќи, трговски центри, станици, театри, кина, спортски центри…

Гугл острани над 600 апликации од својата продавница

Google, во соработка со претставници на POI ширум светот, ќе работи на ажурирање на системот со нови информации за коронавирусот, што ќе им овозможи на корисниците да откријат која продавница, театар, кино, спортски центар или кој било друг POI на мапата не работи или работи според некои други решенија додека е на сила карантин, изолација или вонредна состојба.

Loading...

Google најави дека ќе ги вклопи резултатите на серверите „Search“ и „Maps“ и ќе им покаже збирни резултати на сите корисници додека се борат со коронавирусот, според информациите доставени до компанијата од вработените во POI.

Гугл по прв пат објави колку заработува од Јутуб

Новите информации ќе бидат прикажани прво во САД, а потоа и ширум светот, на апликациите Google Search и Google Maps за iOS и Android системи, кои нема да има потреба да се ажурираат.

„Промените треба да бидат видливи скоро веднаш или многу брзо“, рече Гугл.

Leave a Reply