Освојувањето на Марс ќе почека да заврши пандемијата од коронавирус

Сподели со своите пријатели

Амбициозната руско-европска мисија „ExoMars“ за испраќање роботи на Марс е одложена до 2022 година поради технички проблеми и епидемија на коронавирус, објави денес руската вселенска агенција.

Loading...

„Роскосмос и Европската вселенска агенција решија да го одложат започнувањето на втората мисија на „Ексомарс“ за во 2022 година, чија цел е истражување на Црвената планета“, соопшти руската агенција.

Често ја поврзуваат со Марс: „Крвавата река“ е чудесна, но опасна

Целта на мисијата е да постави истражувачки ровер на црвената планета за да утврди дали некогаш имало живот на Марс.

Лансирањето беше закажано за јули, но инженерите се согласија дека роботското возило не е доволно технички подготвено за успешно завршување на мисијата.

Тоа е најновиот неуспех на програмата „ЕгзоМарс“, во рамките на кој неславно завршија претходните две мисии на црвената планета.

СПЕКТАКУЛАРНА СНИМКА: Марс каков што досега го немате видено (ВИДЕО)

„Сакаме да бидеме 100 проценти сигурни дека мисијата ќе биде успешна. Не смееме да си дозволиме да направиме грешка“, рече директорот на Европската вселенска агенција Јан Вернер.

Loading...

Leave a Reply