Путин: Западот би можел да прибегне кон саботажа оти санкциите се бескорисни

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин на состанок за економски прашања оцени дека Западот би можел да прибегне кон саботажа бидејќи, како што рече, санкциите против Русија се „бескорисни“.

Loading...

Тој потсети на саботажата на гасоводот „Северен тек“, како и на неодамнешните обиди да се обвини Русија за оштетувањето на гасоводот меѓу Финска и Естонија и изјави дека таквите настани може да се искористат за „наштетување“ на Русија, пренесува РИА Новости.

Путин побара таквите ризици да се пресметаат однапред и проактивно да се реагира.

Во исто време, предупреди тој, Русија мора да биде подготвена за зголемен притисок од санкциите.

– Во изминатите години тие, нашите таканаречени партнери, веќе усвоија безброј пакети санкции. Практично и самите се вклучија во тие санкции. Се обидоа да не казнат, но на крајот, како што се гледа од статистиката, удрија по сопствената економија, работните места – рече Путин.

Тој оцени дека Русија успешно ги надминува последиците од рестриктивните мерки.