Путин вети одговор на нападот на мостот на Крим

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин повика на зајакнување на безбедносните мерки на мостот на Крим, стратешка инфраструктура која по вторпат беше оштетена од украинскиот напад, за што вети „одговор“.

Loading...

„Бидејќи ова е втор терористички напад на мостот на полуостровот Крим, чекам конкретни предлози за подобрување на безбедноста на таа важна и стратешка транспортна инфраструктура“, рече Путин на владиниот состанок на телевизија.

Според него, едно девојче било повредено, а двајцата нејзини родители биле убиени во тој украински напад на мостот што ги поврзува Русија и Крим, полуостров анектиран од Русија во 2014 година.

„Се разбира, ќе има одговор од Русија. Министерството за одбрана подготвува соодветни предлози“, рече Путин.

Нападот предизвика голема штета на патниот дел од мостот, кој исто така се користи за транспорт на воена опрема на руската армија која се бори во Украина.

Тоа го извршија украинските специјални служби и поморските сили користејќи „поморски беспилотни летала“, изјави за АФП извор од украинските безбедносни служби (СБУ).

Бетонскиот мост долг 18 километри, изграден со големи трошоци по налог на Владимир Путин и свечено отворен од него во 2018 година, се состои од две паралелни структури, едната резервирана за патен сообраќај, а другата за железнички сообраќај.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...