Путин: Стратешките нуклеарни сили на Русија во состојба на готовност

Сподели со своите пријатели

Пред Федералното собрание се обраќа претседателот на Русија, Владимир Путин, кој во својот говор презентира визија за тоа што ја очекува Русија во следните неколку години.

Loading...

Нуклеарните сили во готовност

Тој изјави дека руските стратешки нуклеарни сили се во состојба на готовност.

Зборувајќи за односите со САД, Путин оцени дека Вашингтон презема „отворено непријателски акции“, обидувајќи се да и нанесе „стратешки пораз“ на бојното поле на Москва.

„Западот сака, исто како Украина, да ни донесе раздор и да нè ослабне однатре. Но, тие погрешно пресметаа, наидоа на цврстиот став и одлучноста на нашиот мултинационален народ“, рече Путин и додаде дека претставниците на различни етнички групи, култури и религии покажаа на дело дека единството на рускиот народ е „колосална сила што освојува сè.

„Само со тоа што сме единствени можеме да реализираме се што сме замислиле. Докажавме дека Русија е подготвена да одговори на секој предизвик“, рече Путин за време на обраќањето пред Федералното собрание, пренесува РИА.

Путин истакна дека борбените способности на руските вооружени сили се многукратно зголемени и дека руските сили „самоуверено командуваат и ослободуваат територии“ во сите правци.

„Русија не ја започна оваа војна (во Украина), но ние ќе направиме се за да го искорениме нацизмот и да го заштитиме суверенитетот на нашите граѓани“, рече Путин.

Тој изјави дека стратешките нуклеарни сили на Русија се во состојба на готовност и додаде дека хиперсоничниот ракетен систем „Циркон“ веќе е користен во борба.

Loading...

Тој изјави дека се користи и хиперсоничен систем Кинжал.

Зборувајќи за односите со САД, Путин оцени дека Вашингтон презема „отворено непријателски акции“, обидувајќи се да и нанесе „стратешки пораз“ на бојното поле на Москва.

Западот сака, исто како Украина, да ни донесе раздор и да нè ослабне однатре. Но, тие погрешно пресметаа, наидоа на цврстиот став и одлучноста на нашиот мултинационален народ“, рече Путин и додаде дека претставниците на различни етнички групи, култури и религии покажаа на дело дека единството на рускиот народ е „колосална сила што освојува сè. “.

Русија нема да ја нападне Европа

Рускиот претседател рече дека е „чиста глупост“ дека Русија ќе ја нападне Европа.

„Сè што западот ќе смисли реално нè води до опасност од конфликт со употреба на нуклеарно оружје, а тоа значи уништување на цивилизацијата“, рече тој.

Коментирајќи ја изјавата на францускиот премиер Емануел Макрон дека земјите кои обезбедуваат помош за Украина не треба да ја исклучат можноста да испратат свои војници во Украина, Путин рече дека последиците за оние што ќе пристигнат на фронтот ќе бидат „трагични“.

„Се сеќаваме на судбината на оние кои ја испратија војската на територијата на нашата земја. Тие мора да разберат дека имаме оружје што може да уништи цели на нивна територија. Тоа се луѓе кои не поминале низ тешки искушенија. Заборавија што е војна, мислат дека е цртан филм“, рече Путин.