Путин призна дека разговарал со Трамп за изборите

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека Доналд Трамп го прекорувал затоа што „сочувствувал“ со Џо Бајден кога тој бил претседател.

Loading...

Путин ова го изјави во интервју за државната новинска агенција РИА и државниот ТВ канал Росија1.

„Во последната година од неговото претседателствување, Трамп, денешниот претседателски кандидат, ме прекоруваше дека сочувствувам со Бајден. Во еден од разговорите ме праша дали сакам да победи „заспаниот Џо“. А потоа, на мое изненадување, почнаа да напаѓаат него затоа што наводно го поддржавме (Трамп) како кандидат. Па, тоа е целосна глупост“, рече Путин.

Тој додаде дека Русија не се меша во никакви избори и дека ќе соработува со секој американски претседател.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија загуби стратешки важен остров

„Ние не се мешаме на никаков начин на ниту еден избор. И како што многупати кажав, ќе работиме со секој лидер на кој му верува американскиот народ, американските гласачи“, додаде Путин.

Меѓутоа, во февруари Путин рече дека повеќе би сакал Бајден да победи на претседателските избори во САД отколку Трамп.

Во тоа време, тој за руската телевизија изјави дека лидерството на Бајден ќе биде подобро за Русија, бидејќи тој е поискусна личност, тој е предвидлив и „старомоден политичар“, пишува Newsweek.

 

Loading...