Путин: Нема да дозволиме никој да се меша во нашите внатрешни работи

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија докажала дека е способна да одговори на најтешките предизвици, додавајќи дека нема да дозволи никој да се меша во нејзините внатрешни работи и ќе продолжи да се грижи за своите демократски институции.

Loading...

– Само со тоа што сме единствени можеме да реализираме се што сме замислиле. Докажавме дека Русија е подготвена да одговори на секој предизвик – рече Путин за време на обраќањето пред Федералното собрание, пренесува РИА.

Путин истакна дека борбените способности на руските вооружени сили се многукратно зголемени и дека руските сили „самоуверено командуваат и ослободуваат територии“ во сите правци.

– Русија не ја започна оваа војна (во Украина), но ќе направиме се за да го искорениме нацизмот и да го заштитиме суверенитетот на нашите граѓани – рече Путин.

Тој изјави дека руските стратешки нуклеарни сили се во состојба на готовност.

Зборувајќи за односите со САД, Путин оцени дека Вашингтон презема „отворено непријателски акции“, обидувајќи се да и нанесе „стратешки пораз“ на Москва.

– Западот сака, исто како Украина, да ни донесе раздор и да не ослаби одвнатре. Но, тие погрешно пресметаа, наидоа на цврстиот став и одлучноста на нашиот мултинационален народ – рече Путин и додаде дека претставниците на различни етнички групи, култури и религии на дело покажаа дека единството на рускиот народ е „колосална сила што освојува сè.“