Путин лета со „белиот лебед“, најголемиот суперсоничен авион во светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна на пистата на фабриката за авиони „С.П. Горбунова“ во Казан, каде ќе се качи на модернизираниот стратешки ракетен носач Ту-160М.

Loading...

Летот на Путин со авионот што го нарекуваат „белиот лебед“ ќе трае 40 минути. На прашањето за рутата, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговори дека тоа е воена тајна, пренесува РИА Новости.

Ту-160М е модернизирана верзија на авионот Ту-160, наменет за погодување на важни цели со нуклеарно и конвенционално оружје, додава Спутник.

Тоа е најголемиот суперсоничен авион во историјата на воената авијација и најтешкиот борбен авион во светот.