Путин: БРИКС не е воен сојуз, туку платформа за развивање позиции

Сподели со своите пријатели

Организацијата БРИКС не е воен сојуз, туку платформа за развивање позиции засновани на суверенитет и меѓусебно почитување, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на отворањето на Меѓународната парламентарна конференција „Русија-Латинска Америка“ во Москва.

Loading...

Тој рече дека Русија и земјите од Латинска Америка традиционално имаат исти ставови за меѓународните односи и се стремат кон мултиполарен светски поредок, посочувајќи дека Русија ќе настојува да воспостави врски меѓу Латинска Америка и Евроазиската економска унија и ќе ги поддржи аспирациите на голем број земји од регионот да се приклучат на БРИКС како полноправни партнери, пренесува Спутник.

Путин рече дека се залага Латинска Америка да биде силна, независна и успешна и дека Русија е подготвена да гради соработка со неа.

Според неговите зборови, земјите од Латинска Америка водат независна политика и ќе имаат една од водечките улоги во светската политика.

Дури и сега, земјите од Латинска Америка покажуваат модел на успех во прогресивното формирање на мултиполарен систем на меѓународни односи заснован на еднаквост, правда, почитување на меѓународното право и меѓусебните легитимни интереси, рече Путин.

Тој додаде дека за време на претседавањето со БРИКС, Русија ќе направи се за земјите-членки да ги почувствуваат изгледите за нивниот развој.

– Сигурен сум дека ќе направиме се за мнозинството од светот да почувствува дека не само што се мнозинство според населението на нашите земји, туку дека се мнозинство во однос на перспективата на нивниот развој, рече Путин.

Членки на БРИКС се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, а на самитот во Јоханесбург во август оваа година беше објавена одлуката дека на 1 јануари 2024 година Аргентина, Египет, Иран, Етиопија, ОАЕ и Саудиска Арабија ќе да бидат поканети да станат полноправни членови на организацијата.

Loading...