Пушилин: Руските сили ја презедоа контролата врз центарот на Соледар

Сподели со своите пријатели

Руските сили ја презедоа контрола врз центарот на Соледар, изјави вечерва вршителот на должноста шеф на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР) Денис Пушилин.

Loading...

„Според последните информации, центарот на Соледар е под контрола на единицата на Вагнер, а овде момците се зацврстиле на едната и на другата страна. Тие веќе ефективно одат напред“, рече Пушилин во изјава за Првиот канал.

Според него, украинските војници во битките за Соледар „трпат сериозни загуби, но продолжуваат да пружаат отпор“, пренесува РИА Новости.

Претходно британското Министерство за одбрана објави дека по четири дена напредување, руските сили „веројатно“ успеале да заземат поголем дел од градот.

Украинскиот заменик-министер за одбрана Хана Малиар, сепак, рече дека украинските сили сè уште држат борбени позиции во Соледар и се спротивставуваат на масовниот руски напад.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.