Пукање во Канада: Тројца мртви, двајца критично

Сподели со своите пријатели

При пукање во Винипег, Канада, три лица загинаа, а две лица се тешко повредени, соопшти локалната полиција.

Loading...

Престрелката се случила вчера нешто по 4 часот наутро, западно од центарот на градот.

Службениците на местото на настанот пронашле пет жртви со прострелни рани. „Инцидентот се случи во резиденција со повеќе единици; нема дополнителни информации за можниот мотив“, рече портпаролот на полицијата во Винипег, Џејсон Михалишен, како што јави Си-Ен-Ен.

На местото на настанот е констатирана смрт на маж и жена. Три жртви биле пренесени во болница, а едната од нив подоцна починала од повредите.

„Две жртви, маж и жена, се во критична состојба во болница. Истрагата е во тек“, рече Михалишен.

Властите се уште не го соопштуваат идентитетот на жртвите.

 

Loading...