Први Мај неработен ден за сите граѓани

Сподели со своите пријатели

Први мај ќе биде неработен ден за сите граѓани на државата, но останува на Владата да одлучи дали ќе го одбележиме во карантин.

Loading...

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 1 Мај 2020 година (петок), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честита Денот на трудот.

Соседна Србија своите граѓани ќе ги стави во карантин веќе во четврток, додека македонската влада одлуката ќе ја носи денеска или во деновите што следуваат, со цел граѓаните да останат дома за празникот, наместо на излет каде би се групирале.

Никола Ивановски

Leave a Reply