ПРВ ТАКОВ СЛУЧАЈ: Во САД застрелан полициски робот

Сподели со своите пријатели

Откако Boston Dynamics го претстави својот робот Spot, јавноста остана поделена околу неговите импресивни способности.

Loading...

За некои тоа е доказ за големиот напредок на роботиката и технологијата, додека други го нарекоа страшно куче-робот.

Спот се покажа доста корисно во голем број индустрии и го привлече интересот на полицијата и војската.

Во некои случаи, како оној во Њујорк, по првичната тест фаза, полицијата се откажа од користењето на Spot во секојдневниот сервис бидејќи роботот предизвика немир кај граѓаните.

Но, во некои специфични и опасни ситуации, во кои би можеле да бидат загрозени животите на полицајците, овој робот се покажал како исклучително корисен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Близнаците најмногу испраќаат голи фотографии, а еве како реагираат останатите знаци

Во својата служба го користи и Државната полиција на Масачусетс (MSP), а според објавата на нивната Фејсбук страница, нивниот робот неодамна бил застрелан.

Како што истакнуваат на страницата Digital Trends, ова е прв пат (барем колку што е познато) некој да застрела куче-робот.

Откако специјалната полиција била испратена на терен поради дојава за вооружен маж забарикадиран во куќата, тој отворил оган кон нив.

Loading...

Со оглед на тоа дека ситуацијата била опасна и биле загрозени животите на полицајците, во акцијата е користен Spot, како и два роботи PackBot 510.

Овие роботи, контролирани од далечина од полицијата, биле испратени во куќата за да го лоцираат човекот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Имаат ли животните свест? Еве што велат научниците!

Спот, кој во МСП го добил името Роско, бил испратен во подрумот од куќата, но кога се обидел да ја отвори вратата, се појавил осомничен со пушка и го соборил роботот и побегнал на горниот кат.

Но, она што не го знаел е дека Спот може да се врати сам, па роботот го следел горе, качувајќи се по скалите.

Кога, на негово изненадување, осомничениот сфатил дека роботот е зад него на скалите, повторно го соборил и ја вперил пушката во правец на Роско.

 

 

Loading...

После тоа се изгубила комуникацијата со роботот, објаснила полицијата.

Осомничениот бил совладан откако бил испукал солзавец и се предал без отпор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД

При претрес на куќата, Роско е пронајден и се испоставило дека бил застрелан трипати.

Затоа, тоа е првпат роботот Boston Dynamics да биде застрелан во акција.

Благодарение на технологијата, немаше потреба да се испраќаат луѓе или вистинско куче во куќата, доведувајќи ги во опасност нивните животи.

Роско е испратен во Boston Dynamics каде компанијата ќе направи некои истражувања за него, додека на MSP ќе му испратат нов робот кој ќе се користи во идните полициски акции.