Прв смртен случај во светот од подвидот на птичји грип регистриран во Кина

Сподели со своите пријатели

Една Кинезинка стана првата личност која умре од тип на птичји грип кој е многу редок за луѓето, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), но сите индикации се дека овој вид не се шири меѓу луѓето.

Loading...

Во соопштението се наведува дека 56-годишна жена од провинцијата Гуангдонг во јужна Кина е третата личност за која е познато дека е заразена со подсојот H3N8 на птичјиот грип.

Сите овие случаи се во Кина, а првите два се пријавени минатата година.

Центарот за контрола и превенција на болести за провинцијата Гуангдонг кон крајот на минатиот месец пријави трето заразено лице, но не беа објавени детали за смртта на жената.

Според податоците на СЗО, пациентот имал хронични заболувања и бил изложен на живина.

Спорадичните случаи на птичји грип кај луѓето се чести во Кина, каде вирусот постојано циркулира во големи јата диви птици.