Протест на мештаните од Которлакот, бараат да се асфалтира алтернативниот пат кај Искрин мост (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мештаните од селата во Которлакот денеска два часа го блокираа алтернативниот пат за Искрин мост кој веќе подолг временски период е надвор од употреба, откако попушти главниот носечки столб при санација на истиот.

Loading...

 

 

Денеска на протестот на мештаните од десетина села им се приклучија и кумановци кои на потегот на алтернативниот пат имаат свои викендици. Сите заедно на протестот побараа да се асфалтира патот кој се користи за да се заобиколи големиот мост на реката Пчиња, да се постави светлосна и патна сигнализација, но и да се забрза санацијата на самиот мост.

 

 

Loading...

Мостот се наоѓа на патниот правец Куманово – Свети Николе и е клучна алка во транспортот кој ја сврзува Источна Македонија со целиот Североисток.

– Барањата е да се асфалтира овој пат овдека што се минува веќе 100 дена, беше работа да се направи мостот за 100 дена, бидејќи ништо не се презема, луѓе има што живеат тука, бараме да се направи нешто, да се стави патна сигнализација за да знаат луѓето каде одат за Свети Николе, изјави Дејан Петровиќ.

 

 

Протестантите велат дека се јавувале кај сите и до министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и кај директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, но никој не им одговорил на повиците.

 

Loading...

 

Но, не само патот е проблем за мештаните, во пределот каде минува алтернативниот пат се наоѓаат и цевки за гасовод, кои според мештаните не се доволно заштитени и можат да претставуваат опасност за сите.

– Искршивме автомобили, отсечен е целиот которски крај, 15 села има таму. Се договорија ставија 20 метри асфалт, тоа е жалосно. Тука минува гасовод од 80 бари, без заштита, минуваат тешки возила камиони, ако тоа пукне во Скопје ќе нѐ однесе сите, има луѓе што живеат тука, функционираат, дрвјата се бели од прашина, не се живи тука, вели Петровиќ.

 

 

– Тука минува гасовод низ река, не е заштитен, на секој премин ставаат двоја цевка, тука не знаеле дека возила ќе минуваат и цевките не се ставани двојно, кај мене имам сервис ставија двојна цевка и не одат камиони, а тука нон стоп одат шлепери, и мостот е паднат од шлепери, не од лесни возила. Гасоводот ако експлодира тука до Скопје цевките ќе ги крене, почнаа река да копаат, да ја чистат, не ја чистат, валканиот песок го оставаат тука, чистиот го носат во сепарација, изјави Звонко Стојчевски кој живее покрај алтернативниот пат.

Ова е втор протст на жителите кои велат дека по првиот протест одржан во јули, се превртел камион па дваесетина метри од патот надлежните го асфалтирале, но само угорнината која е тешко пристапна за било какви возила.

Loading...

 

 

Патот освен што не е осветлен ноќе и никој не може да го пронајде, нема ниту сигнализација каде истиот се наоѓа. Поставени се рачно изработени дрвени знаци на кои е испишно името на градот Свети Николе.

 

Loading...

 

Мештаните велат дека, доста луѓе талкаат ноќе во околните полиња и ниви барајќи го патот.

– Голем број на граѓани не знаат каде да идат и да се движат па лутаат по овие патишта овде, се губат, не знаат каде да одат, доаѓаат во нашите куќи прашуваат. Би требало да се стават табли пример Куманово – Свети Николе, бидејќи тука има многу мали патишта и луѓето не знаат каде да одат, вели Горан Зафирофиќ.

 

Loading...

 

Патот продолжува и преку самото течение на реката Пчиња, по два импровизирани мостови направени од цевки, а прекирени со песок и камења. Мештаните стравуваат дека со првите есенски дождови од нив нема да остане ништо.

– Од ден на ден тој песок се руши, неколку пати имаше големо количество вода од Пчиња, тој мост беше однесен па повторно го правеа, од ден на ден тој песок се руши и е многу опасно за возење може некој да настрада, додава тој.

 

Loading...

 

Мештаните велат дека по првиот протест им било ветено дека ќе се направи алтернативниот пат со гребен асфалт, но откако ставиле неколку метри асфалт на угорнината работата застанала.

– Направија 50 метри асфалт ставија и друго ништо. Доколку не се направи ништо, доколку не преземат некои мерки што треба да ги преземат, нам ќе ни остане само едно, да штрајкуваме, ќе блокираме пат во Доброшане, ако треба и рано сабајле се додека ни дозволуваат, ако треба и пола ден, цел ден, нема да дојдат да работат ни овие што работат на мостот додека не се направи овој пат, вели Мице Стојмановски од селото Орашац кое се наоѓа по мостот.

 

 

Loading...

Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека алтернативниот пат е наменет исклучиво за движење на локалното население од околните села.

– Алтернативниот пат е наменет за движење САМО на локалното население од околните села до градот Куманово и обратно. Тој е краток и води до локалниот пат на кој потоа се приклучува. Алтернативниот пат кој почнува од пред мостот и се симнува под мостот, е асфалтиран и се поставени семафори за наизменично пропуштање на возилата, потоа кратко патот продолжува преку цевасти пропусти кои се поставени над река Пчиња и веднаш потоа се приклучува на ЛОКАЛЕН тампониран пат. Јавното претпријатие за државни патишта нема надлежност да подобрува локални патишта, стои во соопштението на ЈПДП.

 

 

Loading...

Инаку на 23ти јули од Јавното претпријатие за државни патишта пристигна соопштение дека мостот над Пчиња се затвора за секаков вид сообраќај во следните 100 дена. Потоа соопштија дека еден од главните носечки столбови е изместен за цели 70 сантиметри и секаков мал потрес може да го урне мостот изграден пред педесетина години.

 

 

Реконструкцијата започна минатата година, со рок за градежни активности до следната. Проектот ќе чини 2 милиони евра, но со неговото сегашно затворање огромен број села од кумановско се отсечени од градот, а се јавува проблем и во циркулирање на целиот регионален сообраќај од истокот на државата со североисточниот дел.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

текст/фото: Никола Ивановски