Проруската администрација на Запорожје одбива демилитаризирана зона околу нуклеарката

Сподели со своите пријатели

Володимир Рогов, член на главниот совет на администрацијата на регионот Запорожје, ја отфрли иницијативата за создавање демилитаризирана зона околу нуклеарната централа Запорожје, нарекувајќи ја провокација, пренесува РИА Новисти.

Loading...

Претставникот на американскиот Стејт департмент ја повика Русија да ги прекине сите воени операции на нуклеарни постројки и да ја врати нуклеарната централа во Запорожје под целосна украинска контрола.

Тој го поддржа повикот на украинската страна за создавање на демилитаризирана зона околу нуклеарната централа.

„Ова е неприфатлива идеја. Сметаме дека е провокација. Каков вид на демилитаризирана зона може да биде ако сè уште постојано се пука во вас? Штом ќе ги повлечеме војниците од таму, украинските милитанти сигурно ќе одат таму, ќе ги истакнат своите знамиња и ќе продолжат со гранатирање“, рече Рогов, додавајќи дека украинските сили не ги негираат нападите, нарекувајќи ги „тактика на раселување“.

Според него, само руската армија и системот за противвоздушна одбрана ја спасуваат нуклеарната централа Запорожје од бројни ракетни напади на украинската страна.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.