Променливо облачно со температури до 14 степени

Сподели со своите пријатели

Преку ноќта времето беше облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на планините во западните делови со слаб снег.

Loading...

Утрово по котлините има појава на слаба магла, а магла со намалена видливост има во Струмица. Дуваше слаб ветер од јужен правец.

Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, а на планините со снег. Пообилни врнежи ќе има од ноќните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од од јужен правец.

Дневната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Максималната дневна температура ќе достигне 9 степени.

Leave a Reply