Променливо облачно со повремен дожд

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта и изутринава низ долините имаше магла и ниска облачност, а во останатите делови претежно умерена облачност. Понекаде утринава дува слаб променлив ветер, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Претпладне ќе се задржи магла и ниска облачност по котлините и речните долини.

Преку денот ќе биде променливо облачно со повремен дожд претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Дневната температура ќе биде во интервал од 8 дo 15 степени.

Leave a Reply