Продолжување на вонредната состојба е препораката на Комисијата за заразни болести

Сподели со своите пријатели

Комисијата за заразни болести до Советот за безбедност ќе препорача да се продолжи вонредната состојба.

Loading...

Утре Советот кај претседателот Пендаровски ќе одржи седница на која ќе се дискутира токму за оваа прашање.

– Ние ќе побараме продолжување на вонредната состојба за да имаме маханизми за имплементирање на вакви препораки во периодот кој следи, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Според Комисијата и министерот за здравство Филипче, потребно е да продолжи ваквата сосотјба затоа што дел од мерките важата за време на вонредната состојба.

– Важно е да важат и понатаму да имаме инструменти во рацете да работиме со овие механизми, во однос на рестрикциите на движењето, уредбите кои важат, важно е да имаме инстурменти во кои овие протоколи на Комисијата да може да се имплементираат преку Владата, појасни министерот Филипче.

Никола Ивановски

Leave a Reply