Продолжува отстранувањето на времените објекти од „11 Октомври“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Вчера продолжи процесот за отстранување на времените објекти на улицата „11 Октомври“, на потегот по Градската џамија во Куманово.

Loading...

Како што посочуваат од Општина Куманово, целта на ваквата акција е да се отвори кракот од улицата „11 Ноември“ и да се прошири улицата.

 

 

„Во тек е отстранување на времените објекти – бараки на улица „11 Октомври“, со цел да се реконструира кракот на улица „11 Ноември“ кој е од суштинско значење за намалување на метежот во сообраќајот на улицата над старата џамија“, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот Максим Димитриевски.

 

Loading...

 

Со рушењето на овие бараки, сопственост на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, треба да ги повризе улицата „11 Октомври“ и „11 Ноември“, со што ќе се намали метежот во сообраќајот.

Никола Ивановски

Leave a Reply