Продавала капи и чанти на Инстаграм, а потоа откриле каква морничава работа прави (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Богатата наследничка Стефани Сколаро се појави на суд под обвинение за шверц на капи и чанти направени од кожа од питон. Таа призна дека увезувала капи и чанти во Велика Британија и потоа ги препродавала.

Loading...

Стефани (26) продавала производи преку својата веб-страница, како и преку Инстаграм каде ја следат 80.000 луѓе. Таа е ќерка на италијански рударски тајкун, се претставува како модел на костими за капење и живее во луксузен стан во центарот на Лондон.

Спорните производи ги продавала на мрежа на богати клиенти. Ги нарачала од Индонезија, а потоа ги продавала во Велика Британија.

Била фатена кога германските цариници заплениле пакет со стока во која имало 35 парчиња капи и чанти, а потоа полицијата го прегледала нејзиниот профил на Инстаграм каде била фотографирана со спорните производи.

Таа се изјасни за виновна за увоз на забранети стоки и за продажба на производи направени од загрозени видови. Откако го прочитал обвинението, таа била пуштена со кауција.

Судењето се очекува да се одржи следната година, а доколку биде прогласена за виновна и се заканува казна затвор до седум години.

 

Loading...