Приведени две лица за вчерашното пукање и грабеж во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две лица од скопско биле приведени денеска под сомнение дека вчера учествувале во пукањето и грабежот во Куманово.

Loading...

– Денеска (16.03.2024), полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.А.(28) и Е.А.(32), двајцата од село Буковиќ, скопско, информираат од кумановската полициај.

Тие се сомничат дека на 15.03.2024 околу 20.20 часот на улица „Доне Божинов“ во Куманово со патничко моторно возило „ренџ ровер” со скопски регистарски ознаки удриле во патничко моторно возило „фолксваген пасат”, кое го управувал С.С.(63) од Куманово, при што пукале кон С.С. и му одзеле торба со пари, а подоцна го запалиле возилото „ренџ ровер”.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски