Приведени двајца кумановци: Биле затекнати при кражба

Сподели со своите пријатели

Двајца кумановски вчеравечер биле приведени од полицијата, откако биле затекнати при обид за кражба во деловен објект во селото Доброшане.

Loading...

– На 15.02.2022 во 21.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Н.М.(61) и Д.И.(34), двајцата од Куманово. Тие биле затекнати во деловен објект во село Доброшане, кумановско, при обид да извршат кривично дело „тешка кражба“, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат од полицијата, кај нив биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.

– Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, стои во соопштението.

Никола Ивановски