Приведена тетовка поради кражба во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесет и двегодишна тетовка била приведена под сомнение дека крадела во Центарот за зависности во Куманово.

Loading...

– На 10.01.2022 во 15.05 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Б.Ј.(22) од Тетово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што пајснуваат од полицијата, таа се сомничи дека истиот ден одзела паричник и пари од канцеларија на вработена во Центар за зависности во Куманово.

Б.Ј. била приведена во полициска станица, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственичката.

По документирање на случајот, против лицето ќе следи соодветна пријава.

Никола Ивановски