Приведена кумановка, осомничена за кражба

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четиригодишна кумановка била приведена вчеравечер под сомнение дека украла имот во кумановската населба Карпош.

Loading...

– На 16.03.2023 година во 22.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.З.(24) од Куманово, информираат од Министерството.

Таа се сомничи дека на 07.03.2023 година влегла во приватен имот на улицата „100“ во Куманово и одзела пари.

М.З. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жител на Липково крадел возила низ Скопје