Приведен штипјанец во Куманово, крадел од седум деловни објекти

Сподели со своите пријатели

Четириесет и петгодишен штипјанец бил приведен под сомение дека во седум деловни објекти извршил исто толку кражби.

Loading...

– На 13.03.2023 во 10.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(45) од Штип, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој се сомничи дека на 12.03.2023 влегол во седум деловни објекти, при што одзел пари и предмети.

С.М. бил приведен во полициска станица и во службен разговор ги признал делата.

– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, велат од полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жител на Тромеѓа нападнат во Пчиња

Никола Ивановски