Приведен кумановец за издржување затворска казна од 2 години

Сподели со своите пријатели

Дваесет и деветгодишен кумановец вчера бил приведен откако по него била распишана потерница за издржување затворска казна.

Loading...

– На 06.04.2022 во 12.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле И.С.(29) од Куманово, информираат од кумановската полиција.

Тој бил баран со потерница од Основен суд Куманово за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик.

И.С. бил спроведен до Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Никола Ивановски