Приведен кумановец кој се заканувал на сограѓанин со остар предмет

Сподели со своите пријатели

Четириестгодишен кумановец вчера бил приведен по пријава дека со остар предмет се заканувал на сограѓанин.

Loading...

– На 10.07.2023 година во 14.05 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.М.(40) од Куманово, поради сомнение дека на ул. „Гоце Делчев“ во Куманово со остар предмет му се заканувал на Е.М.(29) од Куманово, информираат од кумановската полиција.

Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Никола Ивановски