Приведен кумановец кој крадел од автомобили

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишен кумановец бил приведен ноќва кога бил фатен како се обидува да ограби паркирано возило.

Loading...

– На 01.12.2023 во 03.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Д,(28) од Куманово. На булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, тој бил затекнат при обид да одземе предмети од паркирано возило, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека во текот на вечерта со употреба на сила влегол во неколку автомобили на различни локации во Куманово и одзел предмети.

С.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово се избори за Прва лига

Никола Ивановски